Денес Ромскиот Ресурсен Центар го организираше завршниот и мултиплифициран настан од проектот РОМА плус.
Целта на настанот беше презентирање на проектните активности, резултатите и достигнувањата пред претставниците од националните и локалните институции, партнерите, граѓанските организации, едукаторите и експерти кои работат со возрасни Роми, претставници од ромската заедница итн.
Вкупно 47 учесници беа дел од завршниот настан и ги споделија своите размислувања за проектот, активностите, за резултатите и потребата од ваков вид проекти кои даваат директна поддршка на возрасните Роми во подобрување на нивните основни вештини за писменост и нумерација и знаења во цел да им го олесни секојдневието.
Голема благодарност до сите учесници кои го потврдија своето пријателство, партнерство и многу добра соработка со нашата организација.
Овој настан од нашиот Еразмус+ проект “Рома плус” уште еднаш потврди дека РРЦ прави добри и корисни проекти за инклузија на ромската заедница.
Проектот е финансиран од ЕУ преку ЕРАЗМУС+ програмата, КА2 Стратешко партнерство. Партнери на проектот се: РРЦ – Северна Македонија, Симплекс – Грција, Амалипе – Бугарија и БК Кон – Германија.
Посетете ја нашата веб страна за да дознаете повеќе: https://romaplus.eu/