Програмскиот директор на РРЦ од Скопје Себихан Демировски и Извршниот директор на Сонце од Тетово Ферди Исмаили беа гости на утринската емисија на МТВ1.
Во текот на емисијата се збореше за програмите и активностите на двете организации, акциите спроведени за време на COVID 19 за поддршка на најподогодените ромски семејства во државата, како и за стратешките насоки на двете организации за поддршка на најранливите категории на граѓани.
Себихан Демировски презентираше дека во текот на акцијата за поддршка на најранливите ромски семејства се поделени повеќе 420 пакети со храна и хигиена и повеке од 200 пакети со учебни и дидактички материјали за деца Роми вклучени во предучилишно образование. Дополнително за поддршка на учениците вклучени во прво, второ и трето одделение доделени се 170 таблети со интернет ваучери за два месеци, во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар. Оваа активност е спроведена во партнерска соработка со Сонце од Тетово и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Проектот „Зголемување на партиципацијата и вклучувањето на децата Роми до квалититен ран детки развој и основно образование“ е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Образовен Фонд.
Дополнително Ромскиот Ресурсен Центар во соработка со ЦЕЛИМ од Италија подели во соработка со општина Виница додели над 100 пакети со храна и хигиена на 100 ромски социјално загрозени семејства во Виница. Оваа помош се подели во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница“. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Ферди Исмаили презентираше дека за време на пандемијата со COVID 19 во соработка со Фондација Отворено Општество се доделени на 1660 пакети со храна и хигиена на најпогодените ромски семејаства со пандемијата во 11 општини. Дополнително во соработка со УНДП и Министерството за труд и социјална политика Сонце ангажираше 50 невработени Роми и ги вклучи привремено во општинско корисна работа во 11 општини во државата. Со оваа мерка се помогна на невработените Роми да обезбедат егзистенција за време на пандемијата и да се ублажат последиците поради COVID 19 врз најзагрозените Роми.
Дополнително беше претставено дека РРЦ и Сонце веќе имаат поднесено ургенција до Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства за ообезбедување на таблети и интернет за најмалку 1200 ученици кои немаат можност да следат онлине настава и се исклучени од образовниот процес.
Се со цел соодветно да се одговори на последиците од пандемијата со COVID 19, Програмскиот директор на РРЦ изјави дека заедно со Сонце почнуваат голема акција за организирање и мобилизирање на бизнис заедницата, локалните самопуправи и другите локални и меѓународни организации и фондации за прибирање на средства и помош за да се помогне соодветно на најпогодените семејства со пандемијата поради COVID 19.
На самиот крај на емисијата беше препорачано дека во вакви времиња треба да сме солидарни, организирани и мобилизирани за да им помогнеме на оние граѓани на кои најмногу им треба помош, и да се надеваме дека пандемијата ќе стивне што побргу и ќе продолжиме да живееме нормално.
Во прилог следи видеото од емисијата: