Генералниот менаџер на Ромскиот Ресурсен Центар, Себихан Демировски, ја најави донаторската акција која се организира во рамките на проектот „Здружи се за заедницата“ кој е имплементиран од Здружението „Конект“. Проектот е финансиран од УСАИД.
Донаторската акција ќе се реализира во недела на 26.11.2023 во општина Шуто Оризари во новиот пазар „Амаро Базар“.
Акцијата е дел од кампањата „ТОПОЛ ДОМ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ!“. Кампањата се спроведува во рамките на проектот „Обебзедување на пристојни услови за живеење за ромските семејства“.
Целта на оваа акција е да се промовира нешто ново и да се анимира ромската заедница да биде активна во вакви акции и да се зајакне свеста за потребата од меѓусебна поддршка и солидарност особено кон најзагрозените семејства.
Себихан Демировски ги повикува сите невладини организации, ромската бизнис заедница, како и политичките партии да земат учество на овој настан, затоа што целта на овој настан е благородна и претставува можност сите да се собереме на едно место и да ја покажеме на хуманост и емпатија со оние на кои најмногу им треба поддршка.
Да помогнеме и да обезбедиме соодветен и топол за секое дете!
Видеото со изјавата на Генералниот менаџер на РРЦ можете да ја проследите во прилог: