Јавен повик за ангажирање на тутори за реализација на туторска настава за ученици Роми

ЈАВЕН ОГЛАС

за ангажирање на Тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во основно образование во општините Штип, Тетово и Дебар

Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово објавуваат Јавен Оглас за ангажирање на тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во основно образование во општините Штип, Тетово и Дебар.

Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово,  ја реализираат втората година од имплементацијата на проектот „Зголемување на пристапот и вклучување на децата Роми во раниот детски развој и основно образование во Северна Македонија”.

Проектот финансиски е  поддржан од Европската Унија а е менаџиран од Ромскиот Образовен Фонд од Букурешт.

Главна цел на проектот е да се придонесе кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми кои учат во прво одделение во основното образование во таргетираните општини: Штип, Тетово и Дебар.

Во рамките на проектот ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на 110 ученици Роми во учебната 2024/2025 година кои покажуваат слаби образовни резултати а се вклучени во прво одделение во таргетираните општини. Туторска поддршка ќе се обезбеди за предметите Мајчин Јазик (Македонски и Албански јазик) и Математика.

За потребите за реализација на туторската настава, Ромскиот Ресурсен Центар и Сонце од Тетово го објавуваат Јавниот Оглас за избор на вкупно 11 тутори во трите таргетирани општини и тоа:

Штип – 5 тутори;

Тетово – 4 тутори;

Дебар – 2 тутори.

Туторската настава ќе биде организирана и ќе се реализира во  основните училишта во наведените општини.

По завршувањето на проектот на  секој тутор ќе му биде издадена потврда/сертификат за учество во реализацијата на туторската програма за ученици Роми.

За туторите кои ќе бидат селектирани за реализација на туторската настава, ќе биде организиран тренинг за јакнење на нивните капацитети за соодветно спроведување на туторската програма во рамките на проектот.

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ТУТОРИ

Прaво да се пријават за тутори имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Да се студенти во втора, трета, четврта година на студирање, апсолвенти или дипломирани на акредитирани факултети во Република Северна Македонија;
  2. Да се државјани на Република Северна Македонија;
  3. Предност ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од вкупниот број на положени испити;

Предност ќе  имаат кандидатите кои биле ангажирани како тутори во рамките на проектите за туторство реализирани од страна на: Здружение за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“  – Скопје, Асоцијација за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ – Тетово и други здруженија.

КАНДИТАТИТЕ ЗА ТУТОРИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  1. Да се мотивирани за работа со деца од маргинилизирани групи;
  2. Да имаат развиени вештини за работа со деца;
  3. Да поседуваат вештини за тимска работа;
  4. Да имаат развиени организациски способности;
  5. Да имаат високо ниво на одговорност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  1. Пријава за тутори (пријавата можете да ја превземете тука: пријава);
  2. Професионална биографија (CV);
  3. Уверение за положени испити или принтана верзија од електронски индекс со оцени;
  4. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата.

НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ:

Заинтересираните кандидати комплетната документација можат да ја достават препорачано по пошта на следната адреса:

Ромски Ресурсен Центар на Ул. Македонија 13-5/1, 1000 Скопје

или електронски на следната е-маил адреса: info@rrc.orgmk  

Крајниот рок за доставување на пријави за тутори е 09.12.2024 (понеделник).

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.

За сите дополнителни прашања и информации можете да не контактирате на следнитеконтакти секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот:

1.       Незир Усеини – Координатор на проектот 070/584-991

2.      Надиренка Чиндарова – Асистент на проектот 077/625-062