Мали грантови
за
Ромски организации и граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија
ПРОГРАМА
За унапредување на инклузијата на ромската заедница преку поддршка на процесот за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите од Тетово во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, РAЖМ „Лулуди“ Скопје и Симплексис од Грција преку проектот “Ромски граѓански сектор за пристап кон ЕУ” објавува:
ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
За финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и процесите за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија во рамките на проектот „Ромски граѓански сектор за пристап кон ЕУ“ финансиран од Европската Унија.
Во рамките на овој повик ќе се поддржат најмалку 10 проекти. Вкупниот износ кој ќе се додели во рамките на овој повик е 50,000 ЕУР, со што ќе бидат поддржани проекти со буџети кои се во износ од 2,000 ЕУР до 5,000 ЕУР.
Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 06 декември 2024, до 16:30 часот.
За споделување на повикот до што е можно повеќе локални организации, ќе се организираат регионални информативни средби во 6 региони во државата.
Првата информативна сесија за невладини организации ќе се организира на 08.11.2024 година во 11:00 часот во просториите на Граѓанскиот Ресурсен Центар на ул. Климент Охридски 21, Скопје 1000.
Деталите за повикот можете да ги најдете во Водичот за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат тука:
- Водич за апликанти_мали грантови_RomaCSOs4EU
- Анекс 1_Формулар за аплицирање
- Анекс 2_Изјава од Лидер Апликант
- Анекс 3-Мандат-Ко-апликант
- Анекс 4_Предлог буџет формулар
- Анекс 5-Логичка Рамка
или на следните веб страни: www.sonce.org.mk, www.rrc.org.mk, www.luludi.mk, www.symplexis.eu и www.roma4eu.mk.
За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romacsos4eu_grants@rrc.org.mk, најдоцна до 26 ноември 2024, до 16:00 часот.
План за реализација на регионалните информативни средби со граѓанските организации:
Активност | Локација | Датум и време |
Прва регионална информативна средба | Скопје Во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар Адреса: ул. Климент Охридски 21, Скопје 1000 | 08 ноември 2024 Со почеток од 11:00 часот |
Втора информативна средба | Кочани Точната локација дополнително ќе биде потврдена | 11 ноември 2024 Со почеток од 11:00 часот |
Трета информативна средба | Тетово Европска куќа Тетово (Europe House) Адреса: Илирија бб / Во просториите на Центарот за култура | 13 ноември 2024 Со почеток од 11:00 часот |
Четврта информативна средба | Куманово Точната локација дополнително ќе биде потврдена | 15 ноември 2024 Со почеток од 10:30 часот |
Петта информативна средба | Прилеп Точната локација дополнително ќе биде потврдена | 19 ноември 2024 Со почеток од 11:00 часот |
Шеста информативна средба | Скопје/Шуто Оризари Точната локација дополнително ќе биде потврдена | 22 ноември 2024 Со почеток од 10:30 часот |