Почнуваме со нов ЕУ проект „Социјално претприемништво за жени Ромки“ Романсе

Ромскиот Ресурсен Центар започнува со имплементација на нов проект финансиран од Европската Унија кој се фокусира на промовирање на социјалното претприемништво за жените Ромки во Северна Македонија.

Проектот со имплементација започна на 01 април 2024 година и ќе трае до 31 март 2027 година.

Проектот има за цел да создаде инклузивна средина каде што жените од ромската заедница ќе можат да ги развијат своите претприемнички идеи, да добијат обуки, менторска поддршка и пристап до финансии преку суб-грантови. Со тоа, РОМАНСЕ придонесува кон создавање на нови можности за вработување, намалување на социјалната исклученост и зголемување на општественото учество на Ромките на локално и национално ниво.

1. Општи информации

Главен апликант: Roma Resource Centre – Северна Македонија
Партнери: DIESIS (Белгија), Symplexis (Грција), Women’s Rights Initiative (С. Македонија).
Период на имплементација: 36 месеци.
Проектот е финансиран од Европска Унија  во рамките на програмата IPA Civil Society Facility 2022–2023

2. Цел на проектот

РОМАНСЕ има за цел зголемување на општественото и економското учество на младите Ромки преку развој на социјално претприемништво, со посебен фокус на локалните заедници во 10 општини во Северна Македонија. Проектот ја промовира економската независност, еднаквите можности и активно учество на Ромките на пазарот на трудот.

3. Клучни активности

  • WP1 – Изградба на капацитети на граѓански организации
  • WP2 – Обука и менторство за млади Ромки (120 обучени Ромки, 30 менторирани претприемачки)
  • WP3 – Под-грантови за локални организации (грантови од 9.000–11.000 EUR, обуки, мониторинг и евалуација)
  • WP4 – Развивање на локални партнерства (10 работни групи, акциски планови, меморандуми за соработка)
  • WP5 – Кампањи за подигање на свеста (веб-страница, ТВ спот, видеа, 10 јавни настани и B2B саем)
  • WP6 – Управување и следење на проектот (менаџмент план, извештаи и завршна евалуација)

4. Целни групи

  1. најмалку 15 локални Ромски и младински НВО – ќе добијат обуки и можност за грантови.
  2. 120 млади Ромки (18–29 години) – ќе посетат обуки и менторски програми.
  3. Локални власти, јавни институции, SEs и приватен сектор – вклучени во мрежи и локални партнерства.
  4. Поширока јавност (10.000+ лица) – информирана преку кампањи и медиумски активности.

5. Очекувани резултати

  • Подобрени капацитети на Ромските и младинските организации за поддршка на социјално претприемништво.
  • Зголемени знаења и вештини на младите Ромки за самовработување и основање социјални претпријатија.
  • Подобрена соработка меѓу НВО, јавни институции и бизнис сектор.
  • Поголема општествена прифатеност и поддршка на социјалните претпријатија на Ромки.
  • Зајакната родова еднаквост и економска независност на жените во ромските заедници.