Во рамките на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” (код на проектот ECD-MAC-02) Ромскиот Ресурсен Центар во соработка со Сонце од Тетово, продолжи со имплементацијата на Toy Library активностите за децата Роми кои се вклучени во градинка и се поддржани со проектот.
Оваа година Toy library активностите се спроведуваат во ЈОУДГ „Астибо“ во Штип и ќе продолжат да се спроведуваат во наредните три учебни години.
Toy library активностите се спроведуваат во рамките на градинката за која е обезбедена посебна просторија каде што децата имаат можност организирано да ги посетуваат Toy library активностите кои се предводени од Toy library експерт кој е специјално обучен и трениран за таков тип на активности. Околу 50 деца Роми се вклучени во овие активности, но и други деца од другите заедници.
Целта на Toy library e да се овозможи дополнителна едукација на децата со помош на специјални дидактички и едукативни играчки се со цел да ги развијат и да ги надоградат когнитивните и менталните вештини, како и вежбање на фината и грубата моторика на рацете кај децата.
Како важен сегмент во рамките на оваа активност е и тоа што два пати месечно во овие Toy library сесии се вклучуваат и родителите на децата Роми каде што заедно со децата играат со играчките, учат заедно со нивните деца, како и добиваат соодветни информации за видовите на играчки и нивната намена.
Во прилог може да проследите неколку слики од имплементацијата на Toy library активностите: