Ромскиот Ресурсен Центар Скопје и Сонце од Тетово остварија средба со Министерката за образование Мила Царовска

Програмскиот директор на Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, Себихан Демировски и Извршниот директор на АДРР Сонце од Тетово Ферди Исмаили денеска остварија средба со Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска.

На средбата двете организации со министерката дискутираа за стратешките програми за поддршка на образованието на Ромите во Република Северна Македонија, како и конкретните мерки за поддршка на образованието во време на пандемија поради вирусот КОВИД 19.

РРЦ и Сонце заедно со Министерството за образование и наука се согласија дека е неопходна мобилизација на сите чинители за да се помогне образованието на најранливите категории на граѓани особено образованието на далечина поради состојбата во која се наоѓаме со пандемијата поради корона вирусот КОВИД 19, како и превземање на сите активности за успешно отпочнување на новата учебна година од 01 Октомври 2020.

Како важни стратешки определби на двете организации и на Министерството за образование и наука е систематизација на Ромските Образовни Медијатори и програмата за туторска поддршка за учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства. Од страна на РРЦ и на Сонце беа презентирани проектите и активностите кои двете организации ги спроведуваат во партнерство со Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта за обезбедување на туторска поддршка за слабите ученици и учениците кои не се во можност да следат онлине настава. Овој модел на состанокот беше презентиран како клучна алатка за поддршка на образованието на учениците, особено во вонредна состојба во која се наоѓаме.

Дополнително беше дискутирано и за важноста за образованието на возрасни, со оглед на тоа дека висок процент на Роми кои се во поодмината возраст немаат комплетирано образование поради што не можат да добијат соодветно вработување, поради кое на долг рок заглавуваат во кругот на длабока сиромаштија.

РРЦ, Сонце и МОН имаат потпишано Меморандум за соработка со кој заеднички се залагаат за поддршка и унапредување на образовниот статус на ромската заедница во сите нивоа на образование.

РРЦ и Сонце заедно со нивните партнери и соработници продолжуваат со заложбита за стратешко и системско решавање на проблемите со обраозванието на Ромите во државата.