Денеска, во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница“ беше остварена посета од страна на Министерката за труд и социјална политика Г-ѓа Јагода Шахпаска и Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје Г-дин Никола Бертолини.
Целта на посетата беше да се посети ромската населба Блок 18 каде што се изведуваат градежни и инфраструктурни работи за подобрување на квалитетот на домување на најзагрозените ромски семејства во општина Виница во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница“.
Министерката Јагода Шахпаска, претставникот на ЕУ делегацијата во Скопје Никола Бертолини и Градоначалникот на општина Виница имаа прилика да ги врачат имотните листови на неколку семејства на кои преку проектот им се помогна да ги легализираат нивните домови и да го осигураат нивниот кров над глава, кој сега е во нивна сопственост.
Исто така, Министерката Јагода Шахпаска и претставникот на ЕУ делегацијата во Скопје Никола Бертолини имаа можност да ја видат улицата во ромската населба која е комплетно изработена во рамките на овој проект во должина од 1300 метри и која е пуштена во употреба.
Како една од најважните посети беше средбата со семејствата чии куќи се реновираа во текот на имплементацијата на проектот. Самите семејства беа сведоци на разликата на нивните домови пред и после интервенцијата. Среќата и задоволството во нивните очи посведочија за резултатите кои се постигнати со проектот.Прелистајте ги нашите partner-sponsored Glasses, со различни опции кои одговараат на секој вкус и буџет, достапни за купување преку Интернет
Проектот се имплементира скоро една година, и ќе трае до 31.12.2021 година. До крајот на проектот има уште многу да се сработи, за кое проектните партнери прават максимални напори да се постигнат сите предвидени резултати со проектот во насока на значително подобрување на квалитетот на живеење на ромската заедница во општина Виница.
Проектот го имплементираат ЧЕЛИМ од Милано, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и Општина Виница.
Проектот е финансиран од Европската Унија а е поддржан од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.
Особено сме горди што Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на ЕУ во Скопје ги препознаа позитивните ефекти и резултати од имплементацијата на проектот во изминатите 12 месеци.
Во прилог можете да ја проследите изјавата на Министерката за труд и социјална политика Г-ѓа Јагода Шахпаска која сведочи за постигнатите резултати на проектот: