Обраќање на Програмскиот директор на РРЦ по повод Меѓународниот ден на Ромите 8ми Април

Почитувани,

Денеска, на покана на Европратеникот Г-дин Ромео Франц, Програмскиот директор на РРЦ имаше кратко обраќање на high level конференција по повод Меѓународниот ден на Ромите која беше организирана на Европско ниво.

На конференцијата свои обраќања имаа врвни функционери од Европскиот парламент, Европските институции, како и други меѓународни организации од цела Европа.

Преку своето излагање, Себихан Демировски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите 8ми Април. Покрај честитката во неговото излагање го презентираше ставот на РРЦ во однос на активизмот на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија во насока на инклузија и интеграција на ромската заедница, како и препораки кои се неопходни да се превземат со цел да се направат вистински промени и да се постигнат конкретни и видливи резултати кај Ромите на локално ниво.

Дел од видеото можете да го проследите на линкот подолу: